Баер Леверкузен е лидер во Бундес лигата, пополека се приближува до својата прва шампионска титула во историјата, а направија и рекорд од 34 натпревари без пораз. Плус играат добро во Купот и ЛЕ.
Интересно, Леверкузен напаѓачите немаат голови од почетокот на годината. Најголем дел од головите ги постигнаа Џереми Фримпонг, Нејтан Теља, Алекс Грималдо и Флоријан Вирц но тие не се напаѓачи.
Всушност Баер Леверкузен сезонава има најмногу различни стрелци од сите други бундеслигаши.
Статистиката покажува дека ниту еден напаѓач нема гол за Баер оваа календарска година. Виктор Бонифасе кој во првиот дел на сезоната беше импресивен, потоа замина на Африканскиот куп со Нигерија откако се врати е повреден и нема одиграно меч. Патрик Шик кој се врати од повредата, Борха Инглесиас кој дојде на позајмица од Бетис и Адам Хложек кој повремено влегува во игра се уште не ја затресле мрежата.
Вирц и Теља кои се играчи од средниот ред се истакнаа најмногу во овој период исто како и Алекс Грималдо кој е офанзивен бек или крило.
Баер од почетокот на годината па до сега, без мечот со Карабах во ЛЕ, постигна 18 голови.