Поранешните фудбалери на Интер, вклучувајќи ги и оние кој ја освоија тројната круна во 2010 година одиграа пријателски меч во Батуми, Грузија против селекцијата на поранешни репрезентативци на оваа земја.
На теренот играше и Горан Пандев кој беше еден од најзаслужните за тројната круна во 2010 година. Мечот заврши со победа на „нероаѕурите“ со 2:0 со головите на Луис Фиго.