Порака до Винисиус: “Дресот на Реал не трпи такво однесување како твоето“!

1851

Познато е што се случуваше на вчершниот меч во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Лајпциг. Имено во еден момент Винисиус повторно беше вплеткан во еден инцидент, по кој требаше да добие црвен картон.

Инаку Бразилецот според многумина, го бранат само фановите на Реал, во најмала рака е проблематичен. Постојано се расправа со сите, па и со противничките фанови.

А ако се знае дека игра меѓу “кралевите“, во клубот кој важи за најголем во светот, тогаш јасно е дека трба да покаже и спортски дух, пред се карактер.

Предраг Мијатовиќ, некогашната легенда на Реал Мадрид, човекот кој во 1998 години по цели 32 години на овој клуб му го донесе пехарот во ЛШ има своја порака до Бразилецот:

Винисиус треба да се смири, дресот на Реал Мадрид не трпи такво однесување како неговото. Можеби во некој друг клуб тоа се толерира, но во Реал Мадрид секако дека не. Треба да се смири ако сака да стане голем фудбалер. Мора радикално да го смени своето однесување. Тој е фудбалер кој ќе направи повеќе добри работи, но истите ќе ги упропасти со неговото однесување“ потенцираше Мијатовиќ.

ПретходноОдлука без осет! Хорор повредата па пораз со службени 3:0
СледноПросинечки го објави списокот на играчи со кои ќе му се спротивстави на Милевски!