Откако и дефинитивно е познато дека Килијан Мбапе оваа пролет ги игра последните мечеви за ПСЖ, гигантот од Париз по секоја цена сака да донесе две до три големи имиња во своите редови и со тоа да покаже дека може и без Килијан.
Па така, како што информираат медиумите на Островот и Франција, ПСЖ ќе тргне или веќе тргнал по ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, кој важи и за еден од клучните играчи во репрезентацијата на Англија кој оваа сезона просто блеска.
Како што се наведува, “светците“ не би имале против да дадат и 140 милиони евра со цел да го откупат Сака од „Емирејтс“