Месут Озил своевремено беше еден од најдобрите играчи за врска во Европа, а пред една година ги изненади сите со тоа што реши да стави крај на кариерата.
Претходните години имаше многу проблеми со вишокот килограми, но пред неколку месеци реши да се погрижи и успеа да го доведе своето тело речиси до совршенство.
Озил порасна во Шалке од каде премина во Вердер, а потоа во 2010 година потпиша за Реал Мадрид. Играше и за Арсенал, Фенербахче и Башакшехир, каде се пензионираше пред една година.
Со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во 2014 година, а за оваа селекција одигра вкупно 92 натпревари и постигна 23 гола.
@espnfc Mesut #Ozil has been putting in work in the #gym 🔥 (via m10_official/IG) #football #futbol #workout ♬ original sound – ESPN FC