ЛЕ: „Покер“ голови за „росонерите“, Обамејанг го носи Марсеј кон четвртфинале

268

Екипата на Милан обезбеди предност од 4:2 против Славија Прага на првиот меч од осминафиналето на Лига Европа. „Росонерите“ имаат проблеми на почетокот, но потоа имаа и контрола на мечот и на резултатот.

Во 26 минута гостите од Прага останаа со играч помалку поради црвениот картон на Диуф. Осум минути подоцна Жиру го доведе Милан во водство. Во наредната акција Спарта изедначи преку Додера.

Во финишот на првото полувреме „росонерите“ постигнаа два гола, прво Рејндерс, а потоа и Лофтус-Чик за предност од 3:1. Во 65 минута Шранц намали, пет минути пред крајот Пулишиќ ги постави конечните 4:2.

На „Велодром“ Марсеј славеше победа од 4:0 над Виљареал. Играч на мечот е Обамејанг кој постигна два гола, еден Верету и еден беше автогол на Москера.
На другите мечеви Бенфика- Ренџерс 2:2, Фрајбург – Вест Хем 1:0, претходно Спарта Прага – Ливерпул 1:5, Карабах – Баер Леверкузен 2:2, Рома – Брајтон 4:0.

ПретходноЛК: Динамо Загреб го совлада ПАОК и е на чекор до четвртфиналето
СледноЈокиќ го урна Бостон, Дончиќ со историски трипл-дабл ја прекина серијата порази на Далас