ПСЖ најде замена за Мбапе, понудата од 140 милиони евра веќе е подготвена!

1114

Килијан Мбапе очигледно ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Во Париз сфатија дека немаат време за губење и дека мора да најдат адекватна замена за Французинот, а се чини дека знаат кој ќе биде првата мета на ова лето.

Угледниот „Л’Екип“ објави дека веќе е познато дека Букајо Сака ќе биде прва мета на ПСЖ ова лето, а парижаните ќе направат се за да го доведат англискиот репрезентативец на „Паркот на принцовите“.

Сака во ПСЖ го гледаат како идеална замена за Мбапе бидејќи Англичанецот веќе неколку сезони игра на одлично ниво во Арсенал.

Јасно им е и дека Арсенал нема така лесно да го пушти Сака, па затоа наводно подготвил понуда од дури 140 милиони евра, која е тешко да се одбие.

Овој 22-годишен фудбалер има договор со лондонскиот клуб до летото 2027 година, кој го продолжи пред една година, но ќе биде интересно да се види дали од следната сезона ќе игра во дресот на ПСЖ, што секако би било голем предизвик за него.

Сака во досегашниот дел од сезоната одигра вкупно 35 натпревари за Арсенал, постигна 16 гола и додаде 15 асистенции, а не е изненадување што интерес за овој 22-годишен фудбалер покажаа многу европски клубови.

ПретходноБорзаш го спореди Ангеловски со Обрадовиќ: 22 часа ти е пријател, додека два ти ја вади душата
СледноШола на удар: Играч најави бојкот додека тој е селектор на Црна Гора