Во фудбалот најважни се головите, со нив се победува и затоа сите ги славиме голгетерите. Сепак и голманите се дел од една фудбалска екипа, а кога еден голман против еден Шкупи ќе одбрани пенал и ќе одбрани три зицера и ќе му донесе на својот тим бод, тогаш јасно е дека тој голман, во случајот Ристе Јанков од Брегалница, е и играч на колото според “СпортСпорт“.
Покрај него во тимот на 22.коло се и Ѓуриќ, Глишиќ, Алтипармаковски (сите од Вардар), Мојсов и Робертино (двајцата од Тиквеш), Елмас (Гостивар), Руфати (Брера), Јусуфи (Воска), Шабани и Радески (двајцата од Струга ТЛ).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
РИСТЕ ЈАНКОВ
Тим: Брегалница
Роден: 05.09.1998 во Скопје
Кариера: Работнички, Каспиј (Казахастан), Поли Јаши (Романија), Брегалница