Новак Ѓоковиќ го чека првиот меч на Индијан Велс, а до моментот кога ќе стапне на теренот времето го поминува со тренинзи и слободни активности. Ова вклучува фудбал со колеги и пријатели. Видео споделено на социјалните мрежи покажува дел од таа забава.
На него е прикажан Ѓоковиќ без тениски рекет, но со фудбалска топка пред него. Видеото започнува со прифаќање на топката и завршува со прослава на голот што го постигна со пета.
За многумина, најдобриот тенисер на сите времиња по шести пат ќе се обиде да го освои Индијан Велс и на тој начин самостојно да го преземе рекордот што сега го дели со Роџер Федерер.
Novak’s “Celly” 😂👌🏻#Djokovic ❤️ #TennisParadise 🌴⚽️pic.twitter.com/HHXnDTfSRL
— Rodney (@RottenKnee23) March 7, 2024