Само неколку дена откако и беше укината суспензијата поради допинг прекршувања, поранешната светска тенисерка број 1 доби „вајлд-карта“ за ушество на силниот Мастерс турнир во Мајами кој започнува на 17 март. Организаторите објавија дека на Романката и дале „вајлд-карта“ за главниот турнир иако таа девет месеци се бореше со наметнатата суспензија.
„Возбудена сум што можам да објавам дека ќе се вратам на ВТА турнејата за две недели на Мајами опен. Му благодарам на турнирот што ми ја даде оваа можност и едвај чекам да се вратам на теренот и да се натпреварувам“, напиша Халеп на социјалните мрежи.