Пех за Минесота: Таунс оди на операција на коленото

58

Еден од најдобрите кошаркари на Минесота Тимбервулфс, Карл-Ентони Таунс ќе биде подложен на операција на левото колено, поради скинат менискус, објави кошаркарскиот инсајдер Адријан Војнаровски.

По ова, играчот ќе биде надвор од терените најмалку еден месец. Се очекува Таунс да се врати на почетокот на плеј-офот на Западната конференција.

Таунс е надвор од составот поради повреда веќе неколку дена. Во тековната сезона во НБА, тој е еден од лидерите на Тимбервулфс, со просек од 22,1 поен по натпревар.

Минесота е на првото место во Западната конференција со 44 победи и 19 порази.

ПретходноДраган Силјаноски е нов директор на младата репрезентација до 21 година
СледноНа 10 март во Скопје ќе се одржи традиционалниот шаховски турнир во забрзан шах на АЛКАЛОИД