Шпанските судии се незадоволни од однесувањето на Џуд Белингам. Ѕвездата на Реал (М) доби црвен картон на мечот со Валенсија поради изразување незадоволство од тоа што судијата Хесус Хил Манзано неколку моменти пред центаршутот кој доведе до гол за Реал во 99. Минута отсвири крај.
Џуд Белингем е суспендиран на два натпревари во Примера поради „непочитување на судијата“.
Според „Марка“, шпанските судии сметаат дека Белингам е играч кој не придонесува за нормална атмосфера на теренот поради неговите протести кои се изразуваат емотивно. На судиите не им се допаѓа начинот на кој Англичанецот им се обраќа, како и неговиот тон. Оваа сезона Англичанецот доби пет жолти картони на 22 натпревари во шпанското првенство.