Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов кој настапува во унгарски Кишварда им подари цвеќе на колешките од женскиот тим по повод 8 март, меѓународниот ден на жената. Тој заедно со соиграчите го посетија тренингот на женскиот тим каде им подарија цвеќе и им посакаа успеси во фудбалската работа.