Во 2016 година, Пеп Гвардиола го замени Мануел Пелегрини на клупата на Манчестер Сити, а неколку години подоцна го направи клубот во врвен светски тим. Бакари Сања, во инјтервју, откри дел од потезите кои Пеп ги направил во првите денови од доаѓањето во Манчестер Сити со кои почнал да гради една нова средина и врвен светски состав.
„Кај Пеп мора да сте многу дисциплинирани. Мора да разберете дека не е битно само како изгледате на теренот, туку мора да го прифатите целиот стил на живот кој тој го наметнува. Се сеќавам, зборуваме за исхраната во текот на целата недела. На пример, ако имате 1 килограм повеќе од вашата тежина, исклучени сте од составот! Тој само што дојде во Сити и го исклучи Wi-Fi-то во соблекувалната. На почетокот е фрустрирачки бидејќи си мислите: „Јас не сум дете… Не морам да поминувам низ сето ова“. Но, тогаш сфаќаш зошто ја освоиле тројната круна минатата година. Затоа што сите се дисциплинирани и секој го има вистинскиот начин на размислување, а ако го немате вистинскиот начин на размислување… вие сте изгубени“, вели Сања.