Лацио со поддршка за Сари: Гласините за негово заминување се невистинити!

95

Италијански Лацио објави официјално соопштение за иднината на тренерот на италијанскиот тим Маурицио Сари.

Управата на римскиоот клуб потврди дека му ја дава својата целосна доверба на главниот тренер Маурицио Сари и по поразот кој неговиот тим го претрпе на гостувањето кај Баерн (М) во осминафиналето во Лигата на шампионите, што значеше елиминација на клубот од настапите во најсилното европско натпреварување.

Договорот на Сари со Лацио е до летото 2025 година, а сите гласини за негово заминување се неосновани, се вели во соопштението објавено на официјалниот сајт на Лацио.

Во Серија А, Лацио е на деветтото место во поредокот.

ПретходноЈокиќ го урна Бостон, Дончиќ со историски трипл-дабл ја прекина серијата порази на Далас
СледноДенеска е ждрепката од Купот на Македонија