Наполи ќе гради нов стадион чие отворање ќе биде во 2027 година

317

Аурелио Де Лаурентис ги откри плановите за изградба на нов стадион за Наполи.

Сопственикот клубот зјави дека планира Наполи да се пресели на нов стадион во 2027 година. Де Лаурентис смета дека клубот ги има потребните средства за финансирање на проектот. Се очекува стадионот да биде лоциран во областа Бањоли во Неапол, на неколку километри од стадионот „Диего Армандо Марадона“.

„Новиот стадион во Бањоли ќе биде изграден до 2027 година. Отворањето ќе се одржи на 15 јули таа година“, рече Де Лаурентис.

Де Лаурентис рече и дека изградбата ќе започне за 18 месеци и ќе биде завршена според предвидениот рок. Целиот проект опфаќа и дополнителни тренинг капацитети со 12 терени.

ПретходноСајнц мора на операција, Ферари со нов возач
СледноЧави не верува во Роке: Левандовски останува прв избор во нападот