Фудбалскиот шампионат во Македонија е пред стартот на третиот и последен круг од сезоната во која екипите покрај шампионскиот пехар се борат и за пехарот од Купот на Македонија. Затоа денеска од 14 часот во просториите на ФФМ е закажана ждрепката по која ќе се знаат полуфиналните двојки од најмасовното клупско натпреварување во земјава.
Во самиот фото-финиш и во битката за пехарот останаа четири екипи и тоа Шкупи, Македонија Ѓ.П, Воска и Тиквеш. Интересно е оа што само Шкупи е тимот кој има шанси да се закити до двојната круна затоа што оваа екипа е единствената од оваа четворка која се бори за највисок пласман во шампионатот.