Одбиена е жалбата, Гомез останува под суспензија

122

Фудбалерот на Монца, Алехандро Гомез останува под суспензија во период од две години поради тоа што беше позитивен на допинг контролата во октомври минатата година. 36-годишниот аргентински фудбалер премина во Монца во септември како слободен фудбалер, но потоа доби суспензија.

Гомез се правдаше дека пиел сируп за бебиња кој содржел тербуталин кој му го дала неговата сопруга Линда Руф кога се вратил дома од тренинг.

Тој ја обжали одлуката, но не му е уважена. Па така тој останува суспендиран во наредните две години. Инаку, Гомез беше дел од тимот на Аргентина кој триумфираше на СП 2022, а за Монца одигра само два меча.

ПретходноЧави не верува во Роке: Левандовски останува прв избор во нападот
СледноРК Бутел го продолжи договорот со крилото Спасовски