Пелистер со проблеми: Тешка повреда за Костески, на пауза и Атанасијевиќ

289

Македонскиот ракометен шампион Пелистер во решавачкиот дел од сезоната ќе игра без двајцата македонски репрезентативци Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ.

И двајцата се повредија на последниот натпревар од ЛШ против екипата на Колштад па поради тоа нема да можат да настапат извесен период.

Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата, направени се детални медицински прегледи и за жал повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Ненад Костески во наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.

Кај Павле Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Атанасиевиќ најверојатно ќе се врати на терените после пауза од три недели.

Претходно„Кај Пеп нема интернет во соблекувална, а ако имаш 1 кг. повеќе леташ од тимот“
СледноПознати полуфиналните двојки од Купот – бранителот на трофејот против Воска!