Во посета на тимот на “Кошарка во количка“ денеска беа членовите на актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје. Кошаркарите на тимот од Аеродром се дружеа со играчите со тимот “Кошарка во количка” давајќи им поддршка за сето она што го градат и постигнуваат.
“Кошарка во количка” во изминатиот период испрати силна порака, со тимска игра, поддршката и верба можат да се совлада сето она што изгледа недостижно.
Овие момци зад себе имаат меѓународно искуство, а истото ќе го надоградуваат во периодот што следи. Во мај ќе учествуваат на турнир во Словенија, а потоа во Кавадарци ќе бидат домаќини на меѓународен турнир.