Возачот на Ферари, Карлос Сајнц ќе мора да се оперира и ќе ја пропушти трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Причината е што Шпанецот ќе мора да се оперира поради воспаление на слепото црево. Тој ќе ги пропушти тренинзите, квалификациите и трката во С.Арабија.
Неговото место ќе го замени Олие Берман, 18-годишемн возач кој се натпреварува во Формула 2. Тој беше најбрзи во квалификациите за Ф2, а минатата година одработи и два слободни тренинзи во болидот на Хас.