Сензационално: Сити се обидел да го “украде“ Белингем!

275

Џуд Белингем во Манчестер Сити? Не, барем не во јуни како што сега стојат работите. Имено како што пренесуваат медиумите на Островот и во Шпанија, менаџерите кои работат за европскиот првак ги контактирале менаџерите на Џуд Белингем.

Целта била јасна, Пеп Гвардиола во јуни да го добие еден од трите најдобри фудбалери во светот.

Секако дека играле и на картата дека е време Белингем да се врати дома, во Англија.

Сепак брзо биле информирани дека “кралот“ не планира заминување од Мадрид и дека има намера уште долго да го носи белиот дрес на Реал Мадрид.

ПретходноХојлунд е играч на месецот во Премиерлигата! (ФОТО)
СледноЗарем е можно? За првпат во историјата ВАР технологијата се употреби и во шахот!