Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, легендарниот Мајк Тајсон се враќа во рингот во дуел со „Јутјуберот“ кој стана боксер, Џејк Пол. Пресметката е закажана на 20 јули во Арлингтон на стадионот АТ&Т, домот на Далас Каубојс од НФЛ лигата.
Мајк Тајсон (57), кој многумина го сметаат за најдобриот боксер на сите времиња, изјави дека би било забавно да влезе во рингот со Пол, кој има 27 години и има скор 9-1 во својата боксерска кариера.
„Со нетрпение го очекувам овој предизвик“, изјави Тајсон, кој во моментот на натпреварот ќе има 58 години. Се очекува дуелот да го гледаат 80.000 луѓе.