Славија Прага загуби со 4:2 на гостувањето на „Сан Сиро“ против Милан во првиот осминафинален меч од Лига Европа. Но тренерот Јиндрих Трпишовски верува дека неговиот тим ќе го победи поранешниот повеќекратен европски шампион на домашен терен.
„Имаме шанси за промена на резултатот, дома ќе се обидеме да постигнеме повеќе. Беше добар натпревар во првите 25 минути, се снајдовме дури и подобро од Милан. Потоа по црвениот картон играта се промени.
Да не беше исклучувањето, играта ќе беше многу поинтензивна. Физички покажавме добра подготовка, дури и постигнувавме голови кога бевме побројни. Загубивме со 4-2, меѓутоа се надеваме дека ќе постигнеме повеќе дома, можеби ќе го свртиме резултатот. Сигурен сум дека ќе победиме на домашен терен“, изјави чешкиот специјалист.
Вториот натпревар помеѓу Славија и Милан ќе се одигра на 14 март.