Најавите се остваруваат уште за време на вториот викенд во Формула 1, а тоа е дека оваа сезона ќе биде здодевна и дека Макс Верстапен на Ред Бул ќе си прави што сака.
Така и вечерва на патеката во Џеда за ГН на С. Арабија, светскиот првак беше најдобар во квалификациите и утре на трката од 18 часот, ќе стартува од првата позиција.
Ова е 34 пол – позиција за супер – Макс во неговата кариера.
На втората позиција заврши Шарл Леклер на Ферари, додека трет заврши Серхио Перез на Ред Бул.