Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд е прогласен за најдобар играч за месец февруари во Премиерлигата. И се чини сосема заслужено ако се знае какви бројки стојат зад него во изминатиот период.
Данецот на четири меча постигна пет голови.
Ова за него е прво вакво големо признание во текот на кариерата, во периодот од како го носи дресот на гигантот од “Олд Трафорд“.
Треба да се каже дека во моментов тој е повреден и надвор од тимот на Манчестер Јунајтед. Стратегот Ерик Тен Хаг на него ќе може да смета дури за следниот викенд.