Витор Роке беше најавуван како големо засилување на Барселона оваа зима, но Бразилецот не игра ни приближно колку што се очекуваше. На седум натпревари во Ла Лига, младиот фудбалер одигра само 164 минути, но сепак, веќе постигна два гола.
„Тој е конкуренција со Левандовски и другите напаѓачи. Не е лесно, но имаше минути и можности. Тој е уште еден напаѓач кој се бори за место во тимот и ако треба да игра, ќе игра“, изјави Чави за новинарите.
Според шпанските новинари, Роке дефинитивно не е прв избор на Чави и до крајот на оваа сезона тешко дека ќе успее да се избори за стартно место во составот.