Јокиќ го урна Бостон, Дончиќ со историски трипл-дабл ја прекина серијата порази на Далас

355

Шампионот Денвер синоќа на домашен терен го победи тимот на Бостон со 115:109 во големото дерби на два од најдобрите тимови и оваа сезона во НБА лигата. Јокиќ го забележа својот 20-ти трипл-дабл сезонава, а 125-ти во кариерата, откако мечот го заврши со 32 поени, 12 скока и 11 асистенции. Џамал ​​Мареј со 19 поени и Арон Гордон со 16 беа исто така одлично во составот на шампионот.

Кај Бостон Џејлен Браун постигна 41 поен со 14 скока, додека Кристапс Порзингис постигна 24 поени и 12 скока. Денвер е трет во западната конференција, додека Бостон води на Истокот.

Кошаркарите на Далас ја прекинаа серијата од три порази со победа на домашен терен против Мајами со 114:108. Лука Дончиќ, кој постигна 35 поени, 11 скока и 11 асистенции стана вториот играч во НБА кој забележал пет последователни трипл-дабл од 30 поени. Кајри Ирвинг додаде 23 поени.

Минесота беше подобра од Индијана со 113:111, предводена од Ентони Едвардс кој постигна 44 поени, а Кевин Дурент со 35 поени го предводеше Феникс до триумф од 120:113 против Торонто, додека Детроит го победи Бруклин со 118:112.

Демар Дерозан и Никола Вучевиќ постигнаа по 33 поени во победата на Чикаго над Голден Стејт од 125:122, додека Сакраменто го победи Сан Антонио со 131:129 благодарение на Дирон Фокс и Домантас Сабонис, кои постигнаа 33, односно 31 поен.

ПретходноЛЕ: „Покер“ голови за „росонерите“, Обамејанг го носи Марсеј кон четвртфинале
СледноЛацио со поддршка за Сари: Гласините за негово заминување се невистинити!