Ете, и тоа го доживеавме. ВАР технологијата се употреби и во шахот, и тоа во Белград на Велемајсторскиот турнир за жени. Ќе се памети дека ова е првиот турнир во историјата на шахот на кој беше употребен ВАР технологијата.
Се разбира дека ова во Белград е само експеримент, но ако се покаже дека е добар потег, тогаш и дефинитивно и во шахот официјално ќе имаме ВАР.
Ова доаѓа затоа што низ историјата познато е дека одредени шахисти неспортски се однесувале, пред се допираат прво една фигура за да потоа одиграат потег со друга.