Македонијо благодарам за се! Доста е!

3915

По 30 настапи и 4 постигнати гола во дресот со националните бои, Аријан Адеми и официјално ја завршува својата репрезентативна фудбалска кариера. Во текот на минатата недела, капитенот на Динамо (З) ја информирал канцеларијата на Фудбалската фереација на Македонија и селекторот Милевски дека во иднина нема да настапува за националнио тим, затоа што повеќе не се чувствува подготвен да одговори на репрезентативните обврски. Адеми сака во следниот период повеќе време да посвети на клупските настапи и на своето семејство.

„Лавот“ Адеми во сите свои настапи покажа исклучителна посветеност на националниот тим, а со самото тоа и го заслужи приматот на лидер на една генерација. Дури и во најтешките моменти од неговата кариера тој беше во репрезентацијата и беше еден од најзаслужните за сите историски резултати на нашата репрезентација во последната деценија.

ПретходноБелингем е „трн во око“ на шпанските судии: Нека се смири и нека го намали тонот со кој се обраќа!
СледноМилевски следната недела ќе го соопшти списокот за Молдавија и Црна Гора