Фудбалерите на Интер Мајами одиграа 2:2 со Нешвил на гости, во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на КОНКАКАФ. Станува збор за клупско натпреварување на екипи од Северна и Централна Америка и Карибите.
Лионел Меси и неговите соиграчи имаа тешка задача, затоа што мораа да се вратат од негатива од два гола, но на крајот успеаја.
Нешвил во 47. Минута веќе имаше предност од 2:0, по што Интер брзо одговори со еден прекрасен гол на Лионел Меси во 52. минута од работ на шеснаесетникот.
Луис Суарез го спаси Интер од пораз со гол во петтата минута од судиското надополнување, на асистенција на Серхио Бускетс.
Актуелен освојувач на ова натпреварување е мексиканскиот тим Леон.