Во недела се играат мечевите од 23.коло или прво од третиот круг во тековната сезона и сите се закажани со почеток за во 14 часот.
Познати се и судиите за овие мечеви.Еден од нашите најдобри делители на правдата, Јован Качевски, ќе биде главен судија на средбата меѓу Гостивар и Вардар. Во Струга на “центарот“ ќе биде Марјан Младеновски а во Штип ќе суди Александар Ставрев.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 23.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)
Струга ТЛ – Брера: Марјан Младеновски (Скопје)
Шкупи – Работнички: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Шкендија – Воска: Димитар Пилешков (Штип)
Гостивар – Вардар: Јован Качевски (Струга)
Тиквеш – Брегалница: Александар Ставрев (Скопје)
Силекс – Македонија ЃП: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)