Фудбалерите на Штутгарт и вечерва покажаа дека играат одличен фудбал. Во меч од 25.коло во Бундеслигата тие славеа со 2:0 против составот на Унион Берлин, па така ја забележаа четвртата победа на последните пет меча и сега се на само -1 бод од вториот Баерн Минхен, но и меч повеќе.
Тимот на Ненад Бјелица немаше никаква шанса против разиграните домаќини.
Па така “швабите“ со головите на Гирасу во 19.минута и на Фухрих во 65.минута освоија нови три бода.