Елиф Елмас за првпат беше стартер за Лајпциг попладнево во Бундеслигата откако во зимскиот преоден рок дојде меѓу „биковите“, но реално и не се наигра којзнае колку. Имено само што заврши првото полувреме против Дармштад, тој беше оставен во соблекувалната и тоа при резултат 1:0 за домашниот состав.
Неговата замена Баумгартнер во 50.минута ги постави конечните 2:0.
Баерн Минхен одигра фантастичен меч и во целост ја искажа сета свој моќ. “Баварците“ дури со 8:1 просто го “наполнија“ Мајнц, а Хари Кејн беше стреец на три гола па така сега по 25 коло има дури 30 голови во Бундеслигата сезонава, навистина неверојатно.
Аугсбург со 1:0 славеше против Хајденхајм, а лудо беше на мечот меѓу Менхенгладбах и Келн, кој на крајот заврши со резултат 3:3.