Лидерот во Серија А незадржливо гази кон Скудетото. Интер вечерва на незгодното гостување кај Болоња славеше со 1:0 и ја продолжи неверојатната победничка низа.
Момците на Симоне Инзаги покажаа дека немаат достоен ривал оваа сезона во Италија, откако го надминаа едно од најтешките гостувања и без Лаутаро Мартинез го забележаа десеттиот последователен првенствен триумф.
Голот за одлука го постигна Бисек во 37. минута.
На табелата води Интер со 75 бодови, што е 18 бодови, со меч повеќе од второпласираниот Јувентус.
🚨🇮🇹 GOAL | Bologna 0-1 Inter | Bisseck
INTER HAVE TAKEN THE LEAD!pic.twitter.com/fvsmErJtoT
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 9, 2024