По триумфот над ЦСКА Москва во минатото коло, Уникс Казан и Ненад Димитријевиќ запишаа неочекуван пораз. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец беше совладан од Парма на гости со 82-80.
Димитријевиќ и овој пат беше лидер во редовите на Уникс, имаше 24 поени, три скока и четири асистенции за 33. минути во игра. Сепак овој учник на македонскиот репрезентативец не беше доволен за да се дојде до уште една победа со која ќе се зацврсти на врвот на табелата.