Арсенал се изнамачи за победа над Брентфорд, па се искачи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

193

Фудбалерите на Арсенал со многу мака дојдоа до победа од 2:1 на домашен терен против Брентфорд и се искачија на врвот на табелата во Премиерлигата во очекување на утрешното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер С.

Избраниците на Микел Артета не беа убедливи и буквално се извадија за трите бода со голот на Каи Хаверц во 86. минута. Гостите одиграа одличен меч и малку недостасуваше да останат непоразени.

Домашните поведоа во 19. Минута со голот на Рајс, додека во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме голманот на „топчиите“ Рамсдејл направи катастрофална грешка која гостите ја искористија преку Виса за да израмнат на 1:1.

Клучниот момент дојде на четири минути пред крајот кога Хаверц успеа да се снајде за погодок и победа на Арсенал.

ПретходноПелистер го „растури“ Чаир во Битола
СледноГостивар славеше убедливо на дуелот со Вардар