Брињоне победи во Оре и останува во трка за малиот кристален глобус во велеслалом

64

Италијанката Федерика Брињоне победи во велеслаломот кој денеска се возеше во шведскиот Оре.

На второто место заврши Швеѓанката Сара Хектор (+0,33), а трета беше Швајцарката Лара Гут-Бехрами (+0,40).

Во поредокот за велеслалом, засега првата позиција ја има Лара Гут-Бехрами со 745 бодови, 95 повеќе пред Брињоне. До крајот на сезоната има само уште една велеслаломска трка.

ПретходноКрафт со 11-та победа сезонава
СледноИнзаги: Роденденска победа со посебна сласт, но има уште 10 кола за Скудето