Денеска од 14 часот на програмата се сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Врапчиште каде лидерот, тимот на Беса, го дочекува третопласираниот до ова коло, тимот на Детонит.
Тимот на Александар Таневски има таква предност, 8 бода од Пелистер и 9 од Детонит, така да што и да се случи на денешното дерби, тимот на Беса и натаму уверливо ќе биде прва.
Од друга страна трите бода на Детонит и тоа како му се важни, посебно ако се знае дека Пелистер игра дома со Кожув, па така по ова коло повторно битолчани можат да дојдат до предност од +4 пред Детонит иако во минатото коло радовишани ги победија Пелистер.
На останатите мечеви Охрид игра дома со Осогово, Победа ја дочекува Беласица, Башкими се среќава со Новаци, додека Тетекс посакува победа над Саса.
Арсими е голем фаворит на средбата со Караорман, додека Скопје го дочекува Вардар (Н).
ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Охрид – Осогово
Победа – Беласица
Башкими – Новаци
Тетекс – Саса
Беса – Детонит
Пелистер – Кожув
Арсими – Караорман
Скопје – Вардар (Н)
ТАБЕЛА
Беса 50, Пелистер 42, Детонит 41, Арсими 35, Охрид 30, Скопје 28, Башкими 28, Вардар (Н) 27, Беласица 25, Кожув 24, Новаци 23, Тетекс 20, Победа 17, Осогово 16, Караорман 15, Саса 8…