ВМФЛ: Детонит освои бод кај лидерот, Пелистер со победа, Саса го шокираше Тетекс

1420

Попладнево се одиграа сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Во дербито на колото, кое се одигра во Врапчиште, Беса и Детонит одиграа без победник 0:0. Имаше голема борба, имаше и шанси, но сепак и двете екипи мораа да се задоволат со овој резултат.

Пелистер со голот на Спиркоски успеа да го победи Кожув и пак да му побегне на Детонит на табелата, сега таа предност изнесува три бода, секако Беса и натаму е неприкосновен лидер.

Саса среде Тетово со 1:3 просто го шокираше Тетекс, навистина што се случува со “штофарите“.

Охрид на свој терен го декласираше Осогово со 5:0, а Арсими со 3:0 очекувано го победи составот на Караорман.

Скопје славеше против Вардар (Н), а Победа и Беласица одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 20.КОЛО

Арсими – Караорман 3:0

Башкими -Новаци 1:0

Беса – Детонит 0:0

Скопје – Вардар (Н) 1:0

Охрид – Осогово 5:0

Пелистер – Кожув 1:0

Победа – Беласица 0:0

Тетекс – Саса 1:3

ТАБЕЛА

Беса 51, Пелистер 45, Детонит 42, Арсими 38, Охрид 33…

ПретходноШокантен пораз за Уникс и Димитријевиќ
СледноУжасно: Почина младиот кикбоксер Марко Тодоров!