„Волците“ со триумф над Фулам, Борнмут се спаси од пораз во 90+2.минута!

51

Попладнево од стандарниот термин од 16 часот се одиграа три меча во Премиерлигата. “Волците“ со 2:1славеа против Фулам, сепак треба да се каже дека гостите имаа шанси да дојдат до подобар резултат на гости кај Вулверхемптон, но сепак не успеаја во тоа.

Волците“ поведоа со голот на Ал-Нури во 52.минута, додека во 67.минута Чеирни си даде автогол за 2:0. Тоа не беше се од овој меч, гостите во самиот финиш го намалја резултатот преку Ивоби на конечни 2:1.

Кристал Палас со голот на Матета во 11.минута водеше до 90+6.минута со 1:0 против Лутон на свој терен, но тогаш Вудроу стрелаше за конечни 1:1.

Шефилд како гостин имаше водство од 0:2 кај Борнмут, но не издржа. Во 90+2.минута при водство на гостите од 1:2, Унал успеа да постигне гол за конечни 2:2.

ПретходноКапитенот „тресе“: Барди со среќен гол за Трабзон! (ВИДЕО)
СледноУбедлив кам-бек на МЗТ Скопје, ТФТ настрада во Аеродром (ФОТО)