По серијата од три порази, кошаркарите на Гостивар повторно победија. Вечерва на домашен терен, без поголеми проблеми, момците на Јорданчо Давитков славеа против екипата на Вардар со убедливи
Средбата беше практично решена во првите 20 минути. Гостивар до одморот имаше предност од 21 поен, што најави дека мечот нема да донесе големи возбудувања во финалните 20 минути.
На крајот во ростерот на гостиварчани одличен меч одигра Слејтер кој заврши со 30 поестигнати поени, додека кај гостинската екипа Хот и Митков завршија со по 17 постигнати поени.