ГРК Охрид со цел плен од Скопје!

102

ГРК Охрид не ја пропушти шансата да дојде до нови – важни бодови. Избраниците на Стевче Алушовски славеа на гостувањето кај Пролет со 28-32 и сега ќе чекаат разврска од утрешната средба меѓу Алкалоид и Вардар 1961. Пораз за домаќинот ќе значи искачување на второто место на табелата.

Пролет покажа во првото полувреме зошто е незгоден противник, не им даде на охриѓани лесно да го наметнат своето темпо. Скопскиот состав водеше со 7-5, 9-7 и 10-8, по што гостите со серија од два гола изедначија на 10-10, а на одморот поведоа со 13-15.

На почетокот на второто полувреме, ГРК Охрид имаше водство од плус три гола (16-19). Ниту ова не беше доволно за мирен финиш. Пролет се враќаше на гол негатива. На три и пол минути до крајот резултатот беше 27-28, а домаќинот имаше играч помалку на теренот. Ова го искористија гостите за триумф од 28-32.

Цирар повторно беше лидер на теренот, постигна 12 гола, осум погодоци запиша Орјоникидзе. На другата страна Адамовиќ имаше осум погодоци.

Во плеј-аут лигата Куманово и Прилеп одиграа без победник 26-26, додека Вардар Неготино пред своите фанови славеше минимално против Голден Арт со 27-26.

ПретходноИнтер незапирливо оди кон Скудетото, падна и Болоња (ВИДЕО)
СледноПелистер го „растури“ Чаир во Битола