Еуро Никел дојде до важна победа во битката за подобра позиција во Супер-лига. Откако кавадарчани беа изненадени во Охрид, максимално ја искористија предноста на домашен терен и го совладаа незгодниот Феникс со 84-68. За скопскиот состав овој пораз доаѓа по неверојатниот триумф против актуелниот првак, МЗТ Скопје во минатото коло.
Феникс беше подобар во првата четвртина со 21-23, по што следеше кам-бек на домаќинот за 44-39 на одморот. Кавадарчани не застанаа тука во следниот период полека но сигурно го градеа патот кон победата, во третата четвртина поведоа со 74-61, а на две минути до крајот позитивата изнесуваше 82-66, како потврда дека бодовите нема да мрднат од „Јасмин“.
Меквин со 22 поени беше прв стрелец, зад него беше Соколов со 19 поени и 8 скока, два помалку имаше Дубински. За Феникс 2010 ова беше осмиот пораз во сезоната, кој ги остава на позицијата број 7, Метјус даде 19.поени, Трајковски додаде 13.