Интер незапирливо оди кон Скудетото, падна и Болоња (ВИДЕО)

117

Лидерот во Серија А незадржливо гази кон Скудетото. Интер вечерва на незгодното гостување кај Болоња славеше со 1:0 и ја продолжи неверојатната победничка низа.

Момците на Симоне Инзаги покажаа дека немаат достоен ривал оваа сезона во Италија, откако го надминаа едно од најтешките гостувања и без Лаутаро Мартинез го забележаа десеттиот последователен првенствен триумф.

Голот за одлука го постигна Бисек во 37. минута.

На табелата води Интер со 75 бодови, што е 18 бодови, со меч повеќе од второпласираниот Јувентус.

ПретходноРаботнички убедливо низ Охрид!
СледноГРК Охрид со цел плен од Скопје!