Интересно, пред се лудо беше попладнево во “Цвајте“ во Германија. Шалке и Падерборн одиграа неверојатен меч кој на крајот заврши со резултат 3:3. Ова беше и “македонско дерби“ зошто еден против друг играа Дарко Чурлинов и Висар Муслиу, репрезентативни колеги.
Чурлинов влезе во игра во 85.минута кај домашните, додека Муслиу кај гоститего одигра целиот меч.
Шалке поведе со 2:0, но тогаш гостите направија целосен пресврт и во 86.минута имаа 2:3, сепак во 90+3.минута Шалке израмни за конечни 3:3.