Пелистер го „растури“ Чаир во Битола

143

Финалистот од кошаркарскиот Куп на Македонија, екипата на Пелистер со доминантна партиј аво сите четири четвртини дојде до голема победа над екипата на Чаир во рамките на 19. коло од домашното првенство. Битолчани вечерва пред своја публика славеа со 85:55 против екипата на Чаир и со тоа се израмнија на табелата во трката за што подобар пласман пред почетокот на плеј-офот.

Одличниот почеток на „зелено-белите“ им донесе +7 уште во воведните 10 минути, а разликата до полувремето беше зголемена на 15 поени (41:26).

Во вториот дел иако се очекуваше Чаир да влезе посилно, Пелистер не дозволи да им се наруши ритамот на игра. Домашните го добија и третиот период со три поени и ја најавија „катастрофата“ на гостите. Истата беше потврдена со нова доминација во последните 10 минути.

Магдески со 19 поени беше најефикасен кај Пелистер, додека кај Чаир Какруки заврши со 14 поени.

ПретходноГРК Охрид со цел плен од Скопје!
СледноАрсенал се изнамачи за победа над Брентфорд, па се искачи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)