И петтото коло во плеј-офот носи нови возбудливи натпревари. Актуелниот бранител на титулата, Пелистер рехабилитацијата по поразот во ЛШ ќе ја бара во Кавадарци. Битолчани се на врвот без пораз, а оваа позиција ќе можат да ја зацврстат доколку го совладаат незгодниот состав на Тиквеш, кој пред своите навивачи е незгоден противник, тоа го покажа против Вардар. Мечот е закажан во 19:30 часот.
Интересно ќе биде во Скопје каде Пролет е домаќин на ГРК Охрид. Избраниците на Стевче Алушовски по убедливото издание против Алкалоид доаѓаат со голема самоодверба и шанса да дојдат до нови бодови за горните позиции на табелата.
Во центарот на вниманието е дербито во недела. Во Автокоманда се среќаваат Алкаоид и Вардар. Вицепрвакот е на втората позиција на табелата за да остане тука ќе мора да слави против „црвено-црните“, кои пак исто така имаат свои математики. И за нив оваа средба е важна со оглед на тоа дека се наоѓаат на петтото место во поредокот.