Работнички убедливо низ Охрид!

74

Работнички продолжи во победнички ритам. Најтрофејниот кошаркарски колектив не пропушти шанса да се задржи на врвот на табелата, и битката да ја води против вечниот ривал, МЗТ Скопје.

Избрниците на Горан Самарџиев ја оправдаа улога на фаворит, славеа со 96-111. Рикиќ со 22 поени беше прв стрелец, зад него беа Трис и Џелетовиќ со 19 поени. Во редовите на поразениот тим, Лионс имаше 22 поени, еден повеќе од Андерсон.

По изедначената битка во првата четвртина (20-19), „црвено-белите“ во втората и третата четвртина ја направија клучната разлика, овие два периоди ги добија со 42-63, доволно за да цврсто зачекорат кон 15-та победа.

Уште еден тим по паузата блесна. Кожув по победата над Вардар дојде до нови бодови, овој пат против Академија ФМП, на домашен терен славеше со убедливи 88-60. За гевегеличани ова беше петти триумф сезонава, има и 14 порази.

ПретходноВерстапен незадржлив: Светскиот шампион доминираше и во Џеда
СледноИнтер незапирливо оди кон Скудетото, падна и Болоња (ВИДЕО)