Пилотот на Ферари, Карлос Саинц, денеска бил успешно опериран во Ријад, откако му беше дијагностицирано воспаление на слепото црево. Вчера медиумите објавија дека тој се чувствувал лошо неколку дена и имал температура, па по лекарските прегледи е утврдено дека му е потребна итна хируршка интервенција.
Истата денеска е направена во во болница во Саудиска Арабија. По операцијата, од болница самиот Шпанец испрати порака до фановите и колегите.
„Се помина без никакви проблеми, а јас се чувствувам многу подобро. Ви благодарам на сите за вашите љубезни пораки, и на сите оние кои се грижеа за мене овие денови во Саудиска Арабија, особено во болницата. Со среќа утре“, напиша Саинц.